Клоп си ја отвори душата: Никогаш повеќе нема да бидам тренер

Од:

Откако ја напушти клупата на Ливерпул, Јирген Клоп ретко го следи фудбалот, па дури и поранешниот клуб што го доведе до најголемите успеси.

„Не, навистина не изгледаше така. Бев многу среќен гледајќи го Ливерпул како игра. Гледав неколку натпревари. Но, повеќе немам таков бран возбуда, како што со нетрпение ја очекував саботата и натпреварот. Дури и не знаев точно кога ќе се игра. Свесно се дистанцирав од сè“, изјави Клоп за „Т Атлетик“.

Поранешниот тренер на Ливерпул објасни како во меѓувреме се посветил на својот приватен живот, рекреативните спортови, семејството и секојдневниот живот подалеку од стресот на тренерството.

„Се вратив на едноставен живот. Поминувам време со моите внуци, правам обични работи, уживам. Знам дека имам нов предизвик во животот, но исто така сум целосно сигурен дека повеќе не сакам да бидам тренер“ вели Герменецот.

Сепак, иако сега го тврди тоа со убедување, остава мала количина резерва.

„Тоа е мојот став во моментов. Но, којзнае што ќе се случи. Имам 58 години. Ако се вратам во фудбалот на 65 години, луѓето ќе велат дека реков дека никогаш повеќе нема да тренирам. Но, се извинувам, сега навистина мислам дека нема. Не ми недостасува ништо од тој свет“, заклучи Клоп.

Би можело да ве интересира

Клоп: Бекер да не го освоеше Вимблдон во 1985 година, јас немаше да бидам тука денес

А1он