Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

Од:

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, заедно со носителот на листата за советници, Симон Бешлиев на СДСМ, вчера остварија средби со граѓаните од населбата Скопје Север.

– Во разговорите кои беа исклучително директни, искрени и отворени, за жал се повторуваа темите кои жителите ги посочија дека се исти со години – слаба хигиена, недостиг на системско одржување на јавните површини и недостаток од улично осветлување. Населбата која во минатото беше пример за урбанистичко добро планирање сега едноставно е „лавиринг“ низ кој граѓаните не можат да се разминуваат ниту со велосипеди, тврдат од СДСМ.

„Жителите на Скопје Север со право се разочарани. Години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета. Ние нема да одиме по тој пат – не ветуваме, туку ќе работиме. Верувам дека само со чесен пристап, ред и посветеност можеме да ја направиме Општина Бутел подобро место за живеење. Ова не е кампања на големи зборови, туку на мали и секојдневни дела кои носат резултат,“ истакна Ливриниќ.

– Граѓаните ја потенцираа потребата од континуирана грижа и одговорност на локалната власт, а тимот на Ливриниќ уште еднаш порача дека нивната заложба е Општина Бутел да добие функционално, одговорно и достапно управување кое нема да ги заборава луѓето по завршувањето на изборите, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски