А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип

by А1он28/09/2025 - 17:011678
Share0

Петмина ученици, кои на голем одмор јаделе седнвичи во сендвичара – киоск близу нивното средно училиште во Штип, завршија во Клиничката болница на Инфективното одделение.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мајката на еден од учениците, која сака да остане анонимна, вели дека нејзиното дете првите симптоми ги добило неколку часа по консумирањето на храната и се сомнева во квалитетот на месото или компирите.

Нејзиното дете во болницата е хоспитализирано во петокот. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) претпладнево излегоа со соопштение – по добиена пријава од Центарот за јавно здравје – Штип, дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата.

– Земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. Мајката на едно од децата, кое завршило во болница, апелира надлежните да вршат чести контроли на местата каде се чува храната и на самите угостителски објекти, каде се послужува. По наредба на инспекциските служби на АХВ, сендвичарата е времено затворена со до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со што ќе се потврди нејзината безбедност, се наведува во соопштението на АХВ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Мајката апелира надлежните институции да вршат редовни контроли на сендвичарите и угостителските објекти, од каде што учениците купуваат храна.

– Јас апелирам храната што е оставена по магацините да се контролира и да се продава хигиенски исправна – храната и на сендвичарите и на рестораните, каде што се служат децата со храна. Да нема контамирана храна и од магацините да се води сметка како се продава, а и како се обработува во рестораните и сендвичарите, вели мајката на едно од децата кое добило труење.

Учениците се во добра здравствена состојба, откако добиле лекарска помош.

makedonijasendvictruenje

Би можело да ве интересира

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ10/06/2026 - 21:38

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 21:12

Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“, велат од Министерството за правда

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 17:57

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:41

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 15:16

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски05/06/2026 - 18:0305/06/2026 - 18:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто