Коалицијата „Искуство за успех“ ги претстави своите кандидати за претстојните локални избори

Од:

Коалицијата на ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР, „Искуство за успех“ ги претстави своите кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори.

Присутните имаа можност непосредно да чујат дел од предлозите на кандидатите и лично да се уверат дека станува збор за тим кој гарантира резултати, велат од коалицијата.

Со желби за успех и добар исход на изборите, поздравни говори одржаа претседателите на партиите членки на коалицијата „Искуство за успех“ – ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.

„Македонија и нејзините градови, села, општини можат да бидат пристојни места полни со живот. Имаме луѓе, имаме решенија, имаме знаење. А кога луѓето кои имаат искуство, знаење, капацитети и тим ќе седнат да работат, тогаш се носат вистински одлуки и се испорачуваат видливи резултати кои се потребни за граѓаните”, истакна во своето обраќање претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Од коалицијата велат дека нема повеќе зборови во ветар, изневерени очекувања, расправии, суети и инаетење – само резултати и помалку изговори.

Коалицијата „Искуство за успех“ на претстојните локални избори ќе настапи со 10 кандидати за градоначалници и 36 советнички листи, меѓу кои и носителот на советничката листа за Град Скопје, Ристо Пенов и вториот на листата, веднаш под него, докторот Никола Пановски. Кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ е Александар Трајановски, советник и поранешен заменик-градоначалник на главниот град.

Би можело да ве интересира

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Јаневска: Одговорност мора да има и за родителите за случајот со врсничко насилство

Предраг Петровиќ

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони