(ВИДЕО) Алиу: Синдикатите се наш искрен партнер за подобар здравствен систем

Од:

Министерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави учесниците на синдикалната школа, во организација на Самостојниот Синдикат на вработените во универзитетските клиники, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија.

-Особено е инспиративна темата „Синдикализам во здравството: правата не се даваат–се освојуваат“, па оттука сакам да ја реафирмирам нашата заложба дека синдикатите се наш искрен партнер за подобар здравствен систем. Сакам да ве охрабрам за уште позајакната соработка, мојот кабинет е секогаш отворен за сугестии, идеи, забелешки – заедно сме уште подобри, истакна министерот Алиу.

Во рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања и спроведен е процесот за вработување приватни специјализанти, со што е решен децениски егзистенцијален проблем на оваа категорија здравствени работници.

-Министерството за здравство покажува дека го почитува достоинството на сите медицински лица. Воедно, останува отворено за натамошна соработка со синдикатот. Заеднички продолжуваме да ги решаваме сите отворени прашања и предизвици, со цел да излеземе во пресрет на здравствените работници, и секако на пациентите, истакна Алиу.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Алиу: Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик

Алиу: Заштитата на здравјето е приоритет, законот против штетите од тутунот помина во прво читање

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем