Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

Од:

„Демократскиот сојуз подолго време бара коренити промени на изборните правила, меѓу другото и поради тоа што истиот воспоставува еднопартиско владеење, партиите немаат еднакви услови и шанси за политички натпревар, посебно еднакви можности за информирање на граѓаните за политичките програми, проектите што ги предлагаат или претставување на кандидатите за претседател на државата, пратеници, градоначалници или советници“ соопштија од ДС.

Од партијата велат „Со измените на Изборниот законик од 2020 година, од девет минути и триесет секунди по реален час на емитувана програма, за политичко рекламирање, осум минути им припаѓаат на четири партии (две од власта и две од опозицијата), само една минута за сите други парламентарни партии и триесет секунди за другите партии и независни кандидати. Ист е соодносот и за финансирање на политичката кампања од Буџетот на државата“.

„Овој монопол креиран и озаконет од двете најголеми партии од „македонскиот блок“ и двете најголеми партии од „албанскиот блок“, го гуши плурализмот и демократскиот развој на државата и спречува да се појави нова политичка сила во Македонија. Изборниот законик фаворизира етаблирање на авторитарен режим. Инаку Демократскиот сојуз во јануари, 2022 година достави иницијатива до Уставниот суд, со која бара да се укине монополската положба на четирите партии поврзана со медиумскиот простор за политичко рекламирање и финансирање на политичката кампања од Буџетот на државата. Уставниот суд на 26 јуни 2022 година го одложи разгледувањето на иницијативата со образложение дека се работи за сложена инцијатива и дека е потребен целосен состав на Уставниот суд“ се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх

Трајанов го поднесе законот за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но со гласање на дијаспората

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Демократски Сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД