Трамп вели дека Русија убива луѓе без причина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека бавното темпо на руската окупација на Украина, и покрај масовното бомбардирање на украинските градови, штети на угледот на Русија. Трамп нагласи дека постапките на рускиот лидер Владимир Путин доведоа до големи човечки загуби и уништување, но не го доближија крајот на војната.

Трамп повторно изрази разочарување од потезите на Путин, велејќи дека Русија спроведува масовни напади врз украинските градови и цивилната инфраструктура, но територијалните добивки остануваат минимални.

„Многу сум незадоволен од она што го прави Русија и од она што го прави претседателот Путин. Воопшто не ми се допаѓа. Тој убива луѓе без причина. И тие го прават тоа многу лошо, со оглед на тоа што ставија сè на коцка. Нивната економија се урива“, рече Трамп

Трамп додаде дека војната што ја започна Кремљ се влече и влезе во својата четврта година, и покрај силното бомбардирање, Москва зазеде многу малку територија, а на некои места претрпе загуби.

„Тие бомбардираат сè и земаат многу малку, ако воопшто земаат ништо. Всушност, тие губат територија. Мислам дека тоа е многу лошо за угледот на Русија“, рече Трамп.

Тој нагласи дека „војната досега требаше да заврши“. Според него, ако беше војна на САД, тој ќе ја „завршеше за една недела“.

„Погледнете што зедоа сега. Минатиот месец зедоа многу малку. А вие известувавте за сите бомбардирања, сите беспилотни летала насекаде. Деветстотини беспилотни летала во една ноќ во одредени области како Киев. И со сите тие напори, тие зедоа многу малку. Затоа сум многу разочаран од претседателот Путин“.

Би можело да ве интересира

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа