Лабудовиќ на средба со пензионерите од Центар: Паркирањето и непристапните пешачки зони најголем проблем за повозрасните

Од:

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, денеска имаше средба со членови на Здружението на пензионери од oпштината, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат пензионерите и нивните очекувања од локалната самоуправа. Клучни теми беа проблемот со паркирањето кој создава хаос во општината и неможноста за нормално и безбедно движење на повозрасните лица.

Пензионерите се пожалија дека не можат нормално да се движат на тротоарите од улиците, затоа што голем дел од нив се преполни со возила. Беше покренато и прашањето за поставување столпчиња, како едно од решенијата кои ќе помогнат да се нормализира движењето низ центарските улици, како и обезбедување полесен пристап за сите стари, изнемоштени и лица со попреченост.

„Јас имам голема почит кон нашите повозрасни сограѓани, нашите пензионери, и токму затоа обезбедувањето подобри и подостоинствени услови за нив е еден од приоритетите во мојата изборна програма. Заедно со мојот тим веќе работиме на системски решенија за надминување на проблемот со сообраќајниот хаос, пред сè преку зголемување на капацитетот на паркинг места, но и со воведување ред и почитување на сообраќајната култура од сите учесници во сообраќајот“, рече Лабудовиќ.

Тој ги покани претставниците на Здружението на пензионери на уште неколку средби, со цел тие директно да дадат идеи и сугестии за надминување на проблемите и релизирање на сите потреби на повозрасните жители. Од Здружението пак изразија целосна поддршка за кандидатурата на Лабудовиќ и му посакаа успех на претстојните локални избори.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

Лабудовиќ присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември

Горан Наумовски

Мирослав Лабудовиќ: Активизмот меѓу младите е основа за изградба на силно, одговорно и инклузивно општество

А1он