Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра

Од:

Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство.

Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара.

Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен и против кого е отворена истрага.

Операцијата била изведена по дојава од француското Министерство за финансии, кое претходно добило информација за пратка наркотици испратена од Шпанија за Холандија преку Франција.

Француските власти укажуваат дека во последните години е зголемено количеството на запленета дрога, особено од пратки што преку Шпанија пристигнуваат од јужноамериканските наркокартели.

Често се користат транспортни компании кои наркотиците ги кријат меѓу легални стоки.

Би можело да ве интересира

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Захарова жестоко до Париз: „Баро е лажго“ – ја отфрли тезата дека Русија е слаба

Французите спречија киднапирање на Мбапе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стравични сцени во Кан: Со автомобил намерно прегази повеќе од 10 лица, има и загинати

Ник Кирјос суспендиран поради кокаин

Горан Наумовски

Во Франција, од почетокот на јули, 474 лица се приведени под сомнение за подметнување пожари