Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави во Њујорк дека времето во кое живееме е незабележано, депресивно и не е добро, и дека луѓето на водечки позиции, особено во Европа, работат многу лошо и генерално не се дораснати на задачата.
„Некои работи се нерешливи, а начинот на кој се решаваат води кон понатамошен антагонизам и евентуално војна“, рече Милановиќ по средбата со Хрватите што живеат во САД.
Милановиќ, кој ќе присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, го спореди денешното време со времето на Студената војна, потсетувајќи дека било исклучително тешко и барало многу концентрација за различни луѓе да седнат и да разговараат за важни прашања.