Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точна, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски. Вчера од Левица на прес-конференција, се излетаа и признаа дека информациите кои ги добивме од свиркачи во Левица, за средствата кои раководството си ги подигнувале од разни причини, се вистинити, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Сепак, денес сакаме да ја прашаме Мојсоска, која исто така се излета и изнесе информација дека била сметководител на Левица, дали знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски. Имено, во Законот за пратеници јасно е наведено:
– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“
– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“
– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“
Со тоа станува јасно дека Јована Мојсоска, како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Додека на јавноста и се продаваат бајки за чесност, скромност и непоткупливост, зад завесата се инкасирале пари од партиската сметка, сметка која се полни директно од Буџетот на граѓаните. Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит како сметководител на Левица. Ова е вистината, од која Левица бега. Вакви луѓе како Мојсоска и Левица, не смеат да бидат дел од иднината и нема место за нив во политиката. Мојсоска и Левица се прочитани, истакна Манасиевски.