ССК секогаш ќе стои зад интересот на бизнисот, најави новиот претседател Ѓорѓиевски

Од:

Сојузот на стопански комори (ССК) ќе нуди конкретни решенија и предлози до Владата, максимално ќе се залага за интересите на компаниите и нивниот раст и секогаш ќе стои зад интересот на бизнисот, рече денеска новиот претседател на Горан Ѓорѓиевски.

Како што истакна Ѓорѓиевски на прес-конференција, за раст на БДП е неопходно покачување на продуктивноста, спроведување на процесот на дигитализација, поддршка на претприемништвото и иновациите, но и лесен пристап до финансии преку евтини кредити и сериозни грант шеми.

-ССК ќе формира комора за енергетика и рударство, но и посебна канцеларија за реализирање што поголем број проекти, напомена Ѓорѓиевски.

Многу е важна, порача, и едукацијата на кадрите. Дополни и дека е особено значајно прелевањето на вработените од јавниот во приватниот сектор или во спротивно да се олесни увозот на работна сила.

Во однос на претходното раководство, информира дека ќе се прави ревизија.

Би можело да ве интересира

Горан Ѓорѓиевски избран за претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Ангеловски: Јаневска веќе е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ

Горан Наумовски

Казна за Сојузот на стопански комари за давање лажни информации за картелското здружување на маркетите

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Ангелоски: Итно укинување на бирократските процедури за инсталирање обновливи извори, вишок се

Маја Илиевска-Пачемска

Сојузот на стопански комори обвинува за закани и притисоци