Доктор сексуално вознемируваше 65 пациентки – тврди дека е „опседнат со прегледи на дојки“

Од:

Матичен лекар од француски Нант, 67 годишен, е обвинет за сексуално вознемирување на најмалку 65 пациентки во текот на неговата повеќедецениска кариера.

Тој тоа го правел под изговор дека врши прегледи на дојки за откривање на рак.

Најстарите случаи датираат од 1990-тите, пишува Фигаро.

Истрагата е покрената откако докторот станал жртва на брутален напад во неговата ординација во септември 2024 година – бил претепан од момчето на 20-годишна пациентка, кое рекло дека секој преглед бил „систематско и несоодветно допирање на дојките“.

Потоа полицијата идентификувала десетици жени, од кои многу биле под 25 години и не припаѓале на ризичната група за рак на дојка.

Според експертите, ниту еден од прегледите не бил во согласност со медицинските протоколи.

Докторот ги негира обвинувањата и тврди дека бил „опседнат со прегледи на дојки“.

До судењето, закажано за 10 декември, му е забрането да контактира со пациентки и да практикува медицина.

Би можело да ве интересира

МВР уапси турски државјанин баран со потерница

Уапсен е 29 годишник од гостиварско Здуње – извршил сексуално насилство врз малолетничка

А1он

Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини

Катерина Ѓуровски

Уапсен е татко кој на својот малолетен син му прикажуваше порнографски содржини

Полицијата уапси директор кој прими поткуп од 50.000 евра

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот