(ВИДЕО) Шест месеци од несреќата во Кочани: Ова не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи

Од:

Протестниот „Марш за ангелите“ денеска, кога навршија точно шест месеци од пожарот во „Пулс“, беше дневен, за разлика од претходно кога започнуваше во 18.05 часот и имаше скратена маршрута.

Родителите на починатите и нивните редовни поддржувачи ја прескокнаа општинската зграда и во 15.35 часот од „Паркот на Револуцијата“ се упатија директно пред судот и обвинителството, каде и се обратија на јавноста и институциите.

– Ова не е само несреќа. Ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи. Оваа трагедија во Кочани не е само последица на една искра или на невнимание. Таа е последица на системска слабост и неодговорност, порача Васка Лазарова, мајка на настраданиот фудбалер Андреј Лазаров.

Според неа и директната вина е кај сопствениците и организаторите кои отворија врати без дозволи, без безбедносни системи, со единствен излез и двојно повеќе луѓе од дозволеното.

-Знаеме кој ги отворил вратите на клубот. Знаеме кој земал пари и пуштил внатре луѓе два пати повеќе од дозволеното. Знаеме кој ставил пиротехника во затворен простор. Тие се директните виновници. Тоа е криминал со човечки животи, нагласи Лазарова.

Таа пред Судот праша каде биле институциите да реагираат на сето ова, упатувајќи обвинување кон оние што морале да го затворат „Пулс“ уште пред да биде отворен. Праша зошто сите што имаат надлежности, не постапиле.

– Институциите не се независни тела – тие се дел од државата. Ако тие не ја завршила работата, тогаш и државата има одговорност. Затоа велиме, не е доволно да се казнат неколку менаџери. Потребно е да има одговорност и во институциите. Одговорност за оние што дозволиле клуб без дозвола да работи. Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, рече Лазарова.

Учесниците во протестниот марш, од судот и обвинителството се упатија кон зградата на кочанската полициска станица и УЈП, по што се се заврши во „Паркот на Револуција“, каде за вчерва во 20 часот е закажан нов нивен собир насловен „Светлина за 62. Ангели“, мотивиран од навршувањето на шест месеци од трагедијата во клубот „Пулс“. Во 20:30 часот во воздух ќе бидат пуштени 62 балони, по што сите присутни со светлата од мобилните телефони ќе испратат светлина кон небото за 62. згаснати животи.

Би можело да ве интересира

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

МВР: Уапсени се осум лица, а поднесени се кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот „Пулс“ во Кочани

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

ВИДЕО: Браво за обвинителите, на адвокатите треба да им е срам, порачаа родителите на загинатите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Родителите на жртвите со солзи и аплауз по воведниот збор на Обвинителството за случајот „Пулс“

Катерина Ѓуровски