Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
– На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму сонтоа брзо пристигнаа нивните возачи. Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата, вели Ангелов.
Жителите на неколку скопски населби повторно се жалат за чад и лоша миризба која се чувствувала и во текот на ноќта и рано утрово.