Донарума: Дојдов да напишам историја со Сити

Од:

Десет дена по потпишувањето на договорот со Џанлуиџи Донарума, тој беше претставен во Манчестер Сити.

Италијанецот пристигна на Етихад“ од Пари Сен Жермен. Тоа беше трансфер што малкумина го очекуваа.

Донарума и ПСЖ не беа на иста бранова должина, со оглед на тоа што одличниот голман не сакаше да го продолжи договорот што требаше да истече следното лето.

Двете страни ја изгубија меѓусебната доверба, па трансферот се чини дека е единствената опција.

Дојдов во голем клуб и знам дека можам дополнително да се подобрам тука“, рече Донарума.

Сити беше европски шампион во 2023 година.

Сакам заедно да напишеме историја. Пеп Гвардиола одигра клучна улога во моето доаѓање и ми е чест што таков тренер ме покани. Неговата кариера зборува за него, сигурен сум дека работејќи со Гвардиола можам да станам подобар голман“, рече Донарума.

Би можело да ве интересира

Донарума: Горд сум што се приклучив на Манчестер Сити

Донарума ново засилување на Манчестер Сити

Донарума: Немав намера да го повредам Мусијала

А1он

Халанд одигра седум финалиња за Манчестер Сити, без ниту еден гол или асистенција

А1он

(ВИДЕО) Ковачиќ состави идеален фудбалер од досегашните соиграчи

А1он

Халанд се почести со нов автомобил, за него плати 380.000 евра

А1он