Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека има прекин во мировните преговори меѓу Русија и Украина и ги обвини европските земји за попречување на процесот, за што, како што изјави, Москва е сè уште отворена.
„Засега, веројатно е посоодветно да се зборува за прекин (во контактите на преговарачките тимови)“, рече Песков на прашањето дали преговарачкиот процес дошол во ќорсокак по средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека не треба да се очекува дека преговарачкиот процес ќе донесе „молскавични резултати“.
Песков потсети дека Трамп веќе рекол дека на почетокот размислувал за можноста за брзо решение, но потоа сфатил дека ќе биде потребно повеќе време.
Како што изјави, Русија останува подготвена да го следи патот на мирно решавање на конфликтот во Украина.
„Руската страна ја задржува својата подготвеност да го следи патот на мирен дијалог и мирно барање начини за негово регулирање“, изјави Песков пред новинарите.
Тој оцени дека земјите од ЕУ го попречуваат процесот на решавање на украинската криза.
„Вистина е дека Европејците се мешаат, тоа не е тајна“, рече Песков.