Само членовите на Комисијата за контрола на АНБ и АР кои имаат безбедносни сертификати ќе ги проверуваат документите

Од:

Членовите на Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) кои имаат безбедносен сертификат ќе ја посетат АНБ и ќе ги разгледаат документите кои ќе им бидат доставени. Ова денеска беше одлучено на матичната собраниска комисија.

Пратеничката од Левица Јована Мојсоска на почетокот на седницата нагласи дека нема да гласа за оваа точка, бидејќи како што рече, во мандатот на новиот директор на АНБ има злоупотреби и дека се повторува праксата пратениците од опозицијата да не можат да добијат безбедносен сертификат, државна тајна.

-Конкретно јас пред повеќе од шест месеци имам поднесено барање за безбедносен сертификат државна тајна иако Законот за класифицирани информации децидно предвидува дека треба да добијам одговор во рок од шест месеци, јас немам добиено одговор на моето барање. Не знам дали тоа е можеби од некој политички реваншизам затоа што Левица прва го обелодени скандалот со дипломата на директорот на АНБ, па сега поради тоа јас не можам да ја вршам мојата пратеничка функција, истакна Мојсоска.

Членот на Комисијата и пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, истакна дека како претставник на СДСМ и опозицијата ќе го поддржи надзорот на АНБ и АР. Потенцира дека е должна да ја извести јавноста дека класифицираните информации, доколку Агенцијата остане на ставот дека истите не треба да бидат класифицирани, нема да можат да бидат поделени деталите со јавноста.

-Нема да можеме да дадеме одговор на десетиците прашања, кои изминатиов период со право беа поставувани од разни чинители. Но, сепак и во такви услови, реков дека ќе учествуваме во надзорот на АНБ и Агенцијата за разузнавање, рече Петровска.

Со Комисијата претседаваше пратеникот Блерим Беџети. Членовите на Комисијата покрај надзорот во АНБ за утре во 12 часот донесоа одлука да ја посетат Агенцијата за разузнавање.

Би можело да ве интересира

Комисијата за надзор на работата на АНБ утре ќе одржи седница, ќе претседава Скендер Реџепи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување

(ВИДЕО) Петровска: Потребен е надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност, ние немаме што да криеме

Пренџов: После празникот да влеземе во АНБ и да се видиме што се случувало таму

Горан Наумовски

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието