(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“, а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот јазик. На официјално обраќање, Вицепремиерот Арбен Фетаи, одби да одговара на македонски јазик. Со ладнокрвност порача дека „уште не бил спремен на македонски“. Тоа го кажа човек на висока функција во Владата на Мицкоски. А од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молк. Нема реакција, нема извинување, нема барање за одговорност. Прашањето е едноставно: за ова ли на Мицкоски му требаа 58 пратеници? За уште поголемо непочитување на македонскиот јазик и институциите? Ова не е изолиран случај. И други функционери од албанскиот блок во Владата на Мицкоски не се обраќаат на македонски и не одговараат на медиумите. А ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо. Во јуни имаше сличен случај, Мицкоски излезе и кажа дека ако се повтори уште еднаш ќе биде разрешен директорот кој тогаш одби да зборува македонски јазик, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Ќе го разреши ли Мицкоски сега Фетаи? Или функционерите од власта се недоприливи? Уште колку пати Мицкоски ќе каже нешто па ќе го порече? Законот за употреба на македонскиот јазик, донесен во 2024 година, предвидува и санкции за неупотреба на македонскиот јазик. Казни од 1.500 до 3.000 евра за непочитување на употребата на македонскиот јазик има, ама нема кој да ги напише.
Прашањето е зошто? И дали намерно не се формираше Инспекторатот за ова самоволие на функционерите од власта вака да поминува. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на сето ова се прават глуви и слепи, како ништо да не се случува.

Се колнеа во „македонштина“, се бореа против француски предлог и „асимилација“, а денес не можат ни да обезбедат почитување на македонскиот јазик во сопствената Влада. Ова е суштината на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски. Едно зборуваат, друго прават. Се колнеа во „патриотизам“, а денес македонскиот јазик – темел на нашиот идентитет – е понижен токму во Владата која тие ја водат. СДСМ ќе продолжи гласно да се спротивставува на ова непочитување. Нема да дозволиме ниту молкот на Мицкоски, ниту ароганцијата на неговите коалициски партнери да ја избришат должноста на сите функционери да го почитуваат македонскиот јазик и граѓаните, нагласи Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира