Судењето на жена чии деца се пронајдени мртви во куфер во ноември 2022 година започнува денес во Нов Зеланд.
Хакџунг Ли била екстрадирана од Јужна Кореја во Нов Зеланд и оттогаш тврди дека не е виновна за смртта на децата.
Телата на децата биле пронајдени во куфер од страна на семејството кое ги купило на аукција во Оукленд.
Се верува дека телата биле во куферот неколку години.
Судијата Џефри Венинг рече дека целта на судењето ќе биде да се утврди дали мајката била здраво разумна во времето кога биле убиени децата.
Мајката ќе се брани во судницата, а судот ѝ додели двајца адвокати по службена должност.
Ли живеела во Оукленд неколку години пред да се врати во Јужна Кореја, во 2018 година.
Таткото на децата починал од рак една година претходно. Двете деца, на возраст од шест и осум години, починаа некаде потоа, иако не се знае точно кога.
Нивните тела беа откриени во август 2022 година, откако семејството купи приколка полна со лични работи, вклучувајќи куфери, на онлајн аукција.