Започна првиот AERO Street Food Festival

Од:

Со реки посетители и фантастична атмосфера, вчера официјално започна првиот AERO Street Food Festival во парк Авионче“ Аеродром.

Од првиот момент се почувствува енергијата на скопската публика која со голем интерес дојде да ужива во богатата понуда на улична гастрономија, свежи вкусови и урбана забава.

Фестивалот уште првиот ден се претвори во главна атракција во градот – со десетици штандови на познати брендови за храна, уникатни специјалитети и разновидна музичка програма што ја одржа публиката до после полноќ.

Организаторите изразија задоволство од огромниот интерес и поддршката од граѓаните и најавија уште многу изненадувања во наредните фестивалски денови.

AERO Street Food Festival ќе трае до 8 септември, нудејќи четири дена полни со вкусна храна, музика, натпревари и незаборавна дружба, настанот се реализира со поддршка на Oпштина Аеродром, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Under 600 – новиот фестивал на независна театарска продукција

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

МНТ со претставата „12“ на фестивалот „Охридско лето“

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода