Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ја скрши клучната коска

Од:

Тренерот на францускиот фудбалски клуб ПСЖ, Луис Енрике, ja скрши клучната коска во сообраќајна несреќа со велосипед, објави клубот.

Шпанецот, кој го предводеше ПСЖ до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона, во петокот со брза помош е пренесен во болница и ќе биде опериран поради скршена клучна коска, стои во соопштението на клубот на социјалната мрежа X.

Пари Сен Жермен објави дека изразува целосна поддршка за Луис Енрике и му посакува брзо закрепнување, како и дека наскоро ќе дадат дополнителни информации.

– Откако падна од велосипедот во петокот, тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше лекуван од службите за итни случаи и ќе треба да се оперира поради скршена клучна коска. Клубот изразува целосна поддршка и му посакува брзо закрепнување. Понатамошни информации ќе бидат објавени во наредниот период – се наведува во соопштението за медиумите.

Сè уште не е познато колку долго ќе отсуствува шпанскиот стручњак, но малку е веројатно дека ќе го предводи тимот следниот викенд кога ќе продолжи француското првенство.

Пореално е Енрике да отсуствува неколку недели додека целосно не се опорави од повредата.

Би можело да ве интересира

Претседателот на ПСЖ со порака до Мбапе, Меси и Нејмар: Вие сте дел од успехот!

А1он

Фудбалерите на ПСЖ го „прегазија“ Интер во финалето на Лигата на шампионите

Горан Наумовски

ПСЖ го тужи Мбапе за 98 милиони евра

А1он

Луис Енрике: Ќе биде тешко, но верувам дека можеме да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите

Фудбалерите на Пари Сен Жермен на шест кола пред крајот го освоија новиот француски шампионат