Захарова: Екстремен степен на желба на агресивниот Запад да го милитаризира Арктикот

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека постои екстремен степен на агресивна желба од страна на западните земји да го милитаризираат Арктикот.

„Ова е екстремен степен, би рекла, на агресивна желба да го милитаризираат овој регион“, рече таа, според РИА Новости.

Захарова нагласи дека, за жал, агендата на западните земји за зачувување на културата и традициите на домородните народи се покажа како „празни зборови“.

„Но, всушност, под овој сос лежи бескрајна желба за потчинување, деградација, доминација“, додаде таа.

Таа, исто така, потсети на надворешните околности „во кои се развива сето ова“.

„Феноменот на независното влегување на Финска и Шведска во НАТО не е ниту доброволно ниту независно. Никој не ги праша луѓето, сè беше направено за нив“, рече Захарова, според Танјуг.

Би можело да ве интересира

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Калас: Без притисок, Русија нема да преговара за мир

Кремљ вели дека средбата на Путин и Зеленски ќе се одржи само во Русија

ЕУ ја стави Русија на „црната листа“ на земји со висок ризик од перење пари и финансирање на тероризам

Две лица загинаа во напад на руски дрон во регионот на Киев