Мицкоски го искара Касами: Да не влегува во фолклорот на ДУИ, туку да зборува за проекти

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски му упати порака на актуелниот градоначалник на Тетово, Биљал Касами, дека етничките поделби и тензии не смеат да се користат како средство за собирање политички поени. Повод за оваа реакција е повикот на Касами до жителите на Брвеница да гласаат за кандидатот на ВЛЕН, а не за оној од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

– Ја слушнав таа изјава на Биљал Касами и можам да кажам дека за жал влегува во фолклорот на опозициската ДУИ, без потреба. Моја препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста и да се добијат гласови туку треба да зборува во Тетово за проектите што заедно со поддршка од Владата се направени за сите и за Македонци, Албанци, Турци, Срби“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека политиката на поделби припаѓа на минатото и дека кандидатот на нивната коалиција, Јован Илиевски, има широка поддршка од сите заедници.

Во однос на изјавата на Аднан Азизи од ВЛЕН, кој пред граѓаните на Тетово најави запирање на „српски проекти“ и со гестот на орел поттикна реакции, Мицкоски рече дека лицето кое ја дало таа изјава нема никакво влијание во политичките процеси на државата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваа дома, за ЕЕС вели има разговори во ЕУ

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Се проверува дали компании што го користат попустот на ОКТА прават реекспорт на горивата во соседството

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“