Облачно со ветер, најави за невреме, температурите до 32 степени

Од:

Времето денеска е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на краткотрајно невреме. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, a од понеделник ветерот ќе го смени правецот во јужен правец.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и топло со темеператури до 33 степени

Сончево време со северен ветер

А1он

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град

Променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи

Катерина Ѓуровски

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд