Бомби и муниција чувал дома жител на скопско Идризово

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби гранати модел М.75“ , како и педесет куршуми калибар 7,65 мм наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

Пиштол и муниција најдени во домот на скопјанец

А1он

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Сите дојави за бомби во училиштата се лажни

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски