(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го прислушувале Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт

Од:

СДС го прислушувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користеле службите за партиски цели. Цели 5 години бил следен претседателот Христијан Мицкоски, како претседател на тогаш најголемата опозициска партија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС сакале низ прислушкување и следење на претседателот Мицкоски, како и на други јавни личности, новинари и бизнисмени да се одржат што подолг период на власт, да го запрат падот и да ги остварат своите приватни цели. СДС 5 години од 2019 до 2024 година владееле со злоупотреба на службите, како да се партиска алатка за опстојување на власт. Трагедија е како СДС ги злоупотребувале службите, кои наместо за државата, нејзината безбедност и за разузнавање биле користени за одржување на Заев, Филипче и околу нив тесната клика на власт. За сето ова, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките. Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Истиот тој Коцевски, кој СДС силно го бранеа во Собрание, а сега гледаме и зошто. Ова е скандал од невидени размери, и очекуваме ЈО да се надмине себе си и да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите и ќе овозможи одговорност за сите кои ги злоупотребиле институциите и следеле луѓе и си играле со човечки животи за власт, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

(ВИДЕО) Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

А1он

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима