(ВИДЕО) Шукова: Капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри

Од:

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија кои се од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани од страна на ДПМНЕ и Данела Арсовска“ истакна Шукова која денеска беше во општина Карпош.

Како пример таа го посочи булеварот од мостот кај Љубљанска до улицата Скупи во Карпош, крупна сообраќајна инвестиција која треба да го растовари метежот и да ги поврзе деловите на Карпош и Скопје.

Сè е готово. Проектната документација е изработена, експропријацијата е завршена, средствата од 190 милиони денари се обезбедени. Единствено се чека дозвола од Министерството за култура за теренските истражувања. Но, веќе две години, блокада и застој“ потенцираше Шукова.

Шукова исто така изјави дека како идна градоначалничка ќе направи сè што е во нејзина надлежност за да ја деблокира изградбата и за проектот конечно да се реализира.

Како ваша градоначалничка ќе направам се во моја надлежност оваа блокада да престане. Се залагам истражувањата веднаш да завршат за да ја почнеме изградбата на булеварот. Граѓаните одамна заслужуваат современа и функционална сообраќајна врска и таа ќе ја добијат!“, рече Шукова.


Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ