Путин: Русија и Кина заедно против санкциите што ја попречуваат глобалната трговија

Од:

Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на дискриминаторските санкции во глобалната трговија што го попречуваат социо-економскиот развој на светот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за кинеската новинска агенција Синхуа.

Двете земји ќе продолжат да работат на намалување на меѓусебните трговски бариери, рече Путин, пред четиридневната посета на најголемиот трговски партнер на Русија.

– Накратко, економската соработка, трговијата и индустриската соработка меѓу нашите земји напредуваат во неколку области. За време на мојата посета, сигурно ќе разговараме за понатамошни перспективи за меѓусебно корисна соработка и нови чекори за нејзино интензивирање во корист на народите на Русија и Кина – рече Путин.

Посетата на Кина, прва на Путин од минатиот мај, доаѓа во време кога тој се обидува да го сврти забавувањето на билатералната трговија додека војната на Русија во Украина продолжува, и покрај неодамнешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска.

Кога западните земји ги прекинаа врските со Русија по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Кина дојде на помош, купувајќи руска нафта и продавајќи стоки од автомобили до електроника, зголемувајќи ја билатералната трговија на рекордни 245 милијарди долари во 2024 година.

Путин и Си прогласија стратешко партнерство без ограничувања“ во 2022 година. Двајцата се сретнаа повеќе од 40 пати во последната деценија.

Би можело да ве интересира

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Подубни: Киев ја плаќа цената на присилната мобилизација

Горан Наумовски

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

Лавров: Путин не крие дека ситуацијата е сериозна