Пољански: Сегашните активности на Хуманитарниот фонд за Газа се опасни

Од:

Активностите на Хуманитарниот фонд за Газа (HFG) во неговата сегашна форма се опасни, а неговите методи на работа се неприфатливи, изјави денес вршителот на должноста постојан претставник на Руската Федерација во Обединетите нации (ОН) Дмитриј Пољански.

За време на состанокот на Советот за безбедност на ОН, Пољански оцени дека ова не е хуманитарна мисија, туку „насилство прикриено како добри намери“.

„Под маската на наводно хуманитарни активности, се спроведува политика на заплашување и репресија врз беспомошното цивилно население. Ваквите методи се неприфатливи. Работата на фондот во неговата сегашна форма е опасна“, рече тој, објави РИА Новости.

Тој оцени дека HFG е „псевдохуманитарна структура“.

Хуманитарниот фонд за Газа е американска непрофитна организација основана во февруари 2025 година за дистрибуција на хуманитарна помош за време на тековната хуманитарна криза во окупираната палестинска енклава.

Би можело да ве интересира

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“

Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Катерина Ѓуровски