Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Од:

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 600 милиони евра за развој и локален прогрес имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека има огромна разлика од минатото и сега, каде општините не добивале поддршка од централната власт за капитални проекти а сега со промена на власта се инвестира подеднакво во сите општини, без поделба.

„Како што кажа министерот Перински 1200 проекти се проекти кои содржат техничка документација којашто во најголем дел беше изработена години наназад, но поради немање на финансии во минатото општините не можеа да ги реализираат, ова е проект кој наиде на позитивни реакции кај сите граѓани. За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад не се делат општините, инвестициите стигаат до секое населено место, за прв пат во историјата на Република Македонија наеднаш се градат толку многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега“, рече Ѓорѓиевски.

Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски вели дека е значајно што се инвестира во сите општини, проект којшто се случува за прв пат во историјата на државата, при што секој градоначалник според потребите на граѓаните така и ги насочува средствата во својата општина.

„Сметам дека ова е проектот кој недостасуваше 30-тина години во Македонија. Се надевам дека овој проект ќе продолжи и понатаму и сериозно ќе ја градиме и менуваме државата како што тоа го правиме во моментов сега“, вели Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?