Во Газа речиси 19.000 деца се убиени се две години

Од:

Најмалку 18.885 деца се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелската воена операција пред речиси две години, соопшти денес владата во Газа, со што вкупниот број на жртви на Палестинците изнесува повеќе од 62.000.

Обединетите нации предупредија дека ниту едно место во Газа не е безбедно за децата, објави Ал Џезира.

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) соопшти дека училиштата под нејзина покровителство станале засолништа за стотици илјади цивили, но самите биле постојано погодени од израелски напади.

УНИЦЕФ соопшти дека во последните пет месеци од војната во просек биле убиени повеќе од 540 деца месечно.

Во последните напади, израелските сили вчера убија најмалку 51 Палестинец, вклучувајќи осум лица во близина на точка за дистрибуција на помош во јужна Газа.

Би можело да ве интересира

Палестинците плаќаат 2.000 долари за да ја напуштат Газа

Турција е подготвена да преземе одговорност во Газа

Горан Наумовски

Русија подготвува своја нацрт-резолуција за Газа како алтернатива на американскиот предлог

Израел ги предаде телата на 15 Палестинци на Министерството за здравство во Газа

Планот на САД за Газа предвидува „Црвена зона“ каде што не е планирана реконструкција

Нападите врз доселениците во Западниот Брег е во пораст: ОН предупредува на рекордно насилство

Горан Наумовски