Османи со „Граѓанско око“ ќе се бори против корупцијата во Чаир

Од:

Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. Корупцијата и непотизмот го задушуваат развојот, а општината е узурпирана од оние кои ја водат. Наместо да им служат на граѓаните, тие работат за свои интереси, истакна кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи.

„Давам збор дека тоа завршува по промената на власта на 19 октомври. Од најнетранспарентна, Општина Чаир ќе биде во првите пет општини по транспарентност,“ порача Османи.

Тој истакна дека празните зборови им ги остава на неговите политички противници, а дека тој самиот ќе докаже со дела. За таа цел го претстави новиот сет механизми за борба против корупција и заштита на јавниот интерес под името „Граѓанско око“.

„Овој сет вклучува четири нови решенија што досега не ги вовела ниту една општина. Не е доволно само да се има желба, потребни се и јасни механизми „Четирите механизми кои го сочинуваат „Граѓанското око“ се: Јавно отворање на тендерите – Секое отворање на понуди за јавни набавки ќе биде јавно, со пренос во живо и снимка достапна на интернет. Ова е дозволено со законот за јавни набавки до одредена фаза на постапката.

Во текот на целата постапка, ќе се спроведува независен мониторинг од НВО и експерти за антикорупција во процесот на избор на најповолен понудувач кај поголемите тендери, за да се обезбеди фер и законска постапка.

“Јавна каса” – Онлајн следење на сметките, приходите и исплатите на општината, преку едноставна алатка со која граѓаните во секое време ќе можат да знаат за што се трошат нивните пари.

“AI контрола” – Постепено воведување на автоматизација на проверките со алатки за вештачка интелигенција, кои ќе ја елиминираат човечката пристрасност и ќе алармираат доколку нешто не е во согласност со законот.

„Со овие конкретни и ефикасни механизми ќе обезбедиме вистинска транспарентност и ќе ја заштитиме општината од корупција. Тоа е мојата заложба до граѓаните на Чаир,“ нагласи Османи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?