Денеска сончево, нестабилно време за викендот

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Според најавите на УХМР, во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло, до 39 степени

Денеска сончево со умерена облачност и максимални 33 степени

Денеска во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер

Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска сончево и топло, попладне дожд и грмежи