Полицијата улови четворица пијани возачи, ќе заработат кривични

Од:

На 10.08.2025 во 02:11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово.

При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта.

На 08.08.2025 во 21:00 часот на автопатот Скопје Куманово, од слобода бил лишен Б.С.(46) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило фолксваген голф“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта.

На 10.08.2025 во 02:55 часот, при сообраќајна контрола во Битола, полициските службеници запреле патничко возило мерцедес“, кое го управувала М.А.(25) од Битола, и при извршена контрола било констатирано дека го управувала под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.

На 08.08.2025 во 23.26 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Б.Д.(43) од с. Ливада, струшко. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило форд“, кое го управувал Б.Д., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Во Штип, Македонска Каменица и Делчево уапсени пијани возачи

Двајца пијани возачи завршија во полициска станица

Горан Наумовски

Ноќеска во Штип се казнети 19 пијани возачи

Ноќеска МВР откри 178 пијани возачи

Санкционирани 54 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола