Во полициска акција во тетовско уапсени 30 странски државјанки – го злоупотребиле туристичкиот престој

Од:

МВР информира дека ноќеска во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с. Желино, тетовско, сопственост на Ј.Ф.(48) од с. Желино и во угостителски објект во Тетово, во кој како управител се пријавил И.А.(22) од Тетово.

При контрола во објектите биле затекнати 30 женски лица од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија затоа што било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против странските државјанки, сопственикот и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Непроштено одбележани 25 години од киднапирањето и убиството на локалните жители во 2001 година

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски

Шест килограми амфетамин е пронајден кај повеќе лица од Скопје и Куманово

Се апсат лица кои незаконски делеле пензии и финансиска помош за туѓа нега

Во полициска акција во тетовско Гајре застрелано лице осoмничено за убиство

Предраг Петровиќ

Голема полициска акција во моментов во Скопје, уапсени се десетина лица

A1on