Зеленски: Нема територијални отстапки за мир во Украина

Од:

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на Украина е недопирлив. Ова следи по најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, закажана за 15 август во Алјаска.

Одговорот на територијалното прашање е јасно утврден во Уставот на Украина. Никој нема право да отстапи од тоа, ниту Украина ќе ѝ ја даде својата земја на окупаторот“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека Украина е отворена за реални решенија кои ќе донесат мир, но само под достоинствени и јасни услови.

Оваа војна мора да заврши, а Русија треба да ја прекине. Русија ја започна и ја одолговлекува војната, игнорирајќи ги сите рокови“, нагласи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Путин со жестока порака до Зеленски: „Со терористи не се преговара“