Од денеска до 13 август: Топлотен бран ја зафаќа земјава

Од:

Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.

Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, препорачува Министерството, како и внес на доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци.

На граѓаните им се препорачува да носат лесна, светла облека и да користат заштита за глава и очи, како и да избегнуваат физичка активност во најтоплите часови од денот.

-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури, во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош, одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот и обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, препорачуваат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и дека ќе постапуваат согласно проценките и потребите.

Би можело да ве интересира

Жешкото време продолжува, промена на временските услови од среда

Горан Наумовски

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Денеска сончево и топло до 38 степени

Нов топлотен бран ја погоди Европа

Денеска до 39 Целзиусови степени