СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

Од:

Македонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски. Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, велат од СДСМ.

„Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија. Со оваа неспособна Влада:

– Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува.

– Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година.

Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места.

Ова се последици од владеењето на Мицкоски, се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа. Граѓаните ја чувствуваат економската стагнација секој ден – на работа, на пазар, на семејна трпеза но за власта приоритет се манго, папаја, луксузни патувања за функционерите а не потребите на народот, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски