Пожар попладнево изби над селото Ваксинце, општина Липково, а ветерот многу бргу го шири накај Стража. Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово објави заменикот директор на Национални шуми Кире Михаилов. тој информираше дека гори на уште неколку локации.
– Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари. После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми” , екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хечикоптер. Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и пожарот во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС. Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Претходно, во пресекот од 13 часот, Центарот за управување со кризи информираше дека нема активни пожари.