Влен: ДУИ продолжува да молчи за процесот на ветинг на нејзините функционери

Од:

ДУИ повторно се обидува да го одбегне вистинскиот ветинг и да ја манипулира јавноста со стари и празни изговори. Секогаш кога се соочени со прашања за криминал, корупција и злоупотреба на функцијата, се кријат зад лажна реторика за некаков „ветинг“, велат од Влен.

– Раководството на ДУИ не би поминало ни најосновна проверка, а камоли вистински процес на прочистување и одговорност. Дваесет години беа на власт. Имале време, ресурси и моќ, ако навистина сакале ветинг, ќе го спроведеа. Но наместо тоа, тие го користат овој збор само кога се во тесно, како параван за да го покријат криминалот и личното богатење.

ДУИ не го користи ветингот како инструмент за правда, туку како политичка алатка за заблуда. Ако се толку посветени на ветинг, зошто не почнуваат од себе? Ветинг за Али Ахмети – кој го истражил неговото богатство и фирмите на неговите блиски? Ветинг за Артан Груби, кој ќе ги испита лиценците за казина, врските со балканскиот подземен свет и милионските зделки? Ветинг за Бујар Османи, кој ќе одговори за сомнителните средби со претставници на српскиот свет, за случајот „Пациент“, за милионите потрошени на ОБСЕ самитот?

Ветинг за Арбен Таравари, кој ќе ја провери неговата имотна состојба, тендерите за блиски луѓе, врските со „Џока Констракшн“? Ветинг за Блерим Беџети, кој ќе провери како се граделе згради во Сарај и кои се поврзани со неговото име?Ова се прашањата на кои ДУИ должи одговор. Сѐ додека тие се молчи и бегаат од вистинска одговорност, секој повик за ветинг е само евтин маркетинг. Но, вистинскиот ветинг доаѓа. И нема да биде под контрола на партиски комисии, туку под надзор на народот. На следните локални избори, граѓаните ќе ја завршат оваа работа, ќе направат вистинска проценка и ќе ги испратат во историјата сите што ја користеле власта за лични цели, нагласуваат од Влен.

Би можело да ве интересира

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Вреди е измама, е „политичкиот Франкенштајн“ на Мицкоски, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Фазлиу: Парите на тајниот шеф на полицијата Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Влен: Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства