Денеска променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.

Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и на почетокот на следната седмица.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат