ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Од:

По намалувањето на банкарските трошоци, уште една мерка предложена од Либерално-демократската партија (ЛДП), се наоѓа пред сама реализација. Директорот на Службата за општи и заеднички работи најави дека до 15 септември сите државни институции и јавни правни лица мора да ги заменат табличките на службените возила со нови, посебни регистарски таблички, велат од ЛДП.

– Сведоци сме на разни злоупотреби на службените возила од страна на избраните државни и јавни функционери за приватни потреби во минатото и затоа ја поздравуваме одлучноста на Владата за прифаќање на нашиот предлог. За ЛДП, овој чекор претставува позитивен пример за тоа како добрите предлози и идеи кои се во интерес на граѓаните и државата треба да бидат прифатени и имплементирани од сите релевантни чинители.

Потсетуваме, барањето на ЛДП минатото лето за бележење на сите службени возила во сопственост на државата дојде по излетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој тогаш со колона службени возила отиде на свадба во соседно Косово, без службен налог и задолжителна проверка на граница, по што од страна на Министерството за внатрешни работи беа покренати дисциплински постапки за 6 службеници.

Ова е петти предлог на ЛДП кој Владата само во изминатата година го препозна и прифати. Претходно, државните претставници ги прифатија и почнуваат да ги имплементираат законската можност за граѓански референдум за отповикување на градоначалници; креативното толкување на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени, намалувањето и укинување на банкарските провизии и предлогот за поголеми инвестиции во домашното одбранбено производство.

Упатуваме апел до сите државни институции час поскоро да ја завршат постапката за воведување на нови регистарски таблички, која кога ќе се спроведе и реализира, веруваме дека ќе доведе до значително намалување на злоупотребата и поголема совесност на оние функционери кои имаат право на користење на возилата, но и на другите државни и јавни ресурси. Со воведувањето на ваквите мерки за зголемување на транспарентноста во работата на јавните и државни функционери спречуваме нивна злоупотреба на ресурсите за приватни цели на сметка на зголемената доверба на граѓаните и јавноста, преку видливост и отчетност на јавните ресурси, усогласеност на институциите во однос на транспарентноста и рационализацијата на трошоците на јавните средства, се вели во соопштението од Партијата.

Би можело да ве интересира

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан