Период на променливо време со врнежи и пониски температури

Од:

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во првите денови од следната седмица.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 16 степени

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Студено и ветровито, од петок нови врнежи

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски