Црвениот крст Берово апелира за донации за екипите што се борат со пожарот

Од:

Општинската организација на Црвен крст Берово упати апел до граѓаните за донации на храна и пијалоци, наменети за екипите кои го гаснат шумскиот пожар што го зафати подрачјето на општина Берово. Апелираа сите кои се во можност да се вклучат во поддршката на било каков начин, а во рамки на своите можности.

-Во овие тешки моменти, екипите на терен несебично се борат со огнената стихија за да ја заштитат природата која не опкружува. Ве повикуваме сите кои сте во можност да донирате нерасиплива и конзервирана храна, флаширана вода, електролити и освежителни пијалоци, стои во објавата на Црвениот крст Берово.

Пунктот за донации е отворен во салата на Општина Берово, секој ден од 08:00 до 15:00 часот.

Од Црвениот крст изразија благодарност за покажаната хуманост и солидарност, и ја повикаа јавноста да продолжи со поддршката за „хероите на терен“.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он