Ангелов: За повеќето пожари имаме индиции и докази дека се подметнати

Од:

Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните авторитети. Како држава имаме контрола над сите ресурси, и локалните и националните. Ресурсите нема никогаш да бидат доволни, но ние оптимално ги распоредуваме, каде што е непходно. Наш критериум број еден во справувањето со пожарите се човечките животи, а потоа е и имотот на луѓето, рече денеска раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС Стојанче Ангелов.

Тој на прес-конференција информира дека денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворено, од кои девет се активни, а шест се ставени под контрола. Се уште најтежок за гаснење е пожарот кај Готен, но тешки се и оној над селото Ќосевица кај Македондска Каменица, каде делумно е зафатена борова шума и има капацитет да се равзие, како и пожарот во Чашка кај селото Ореше каде гори ниска вегетација, но и букова шума.

Ангелов соопшти дека пред малку Словенија и Франција испратиле понуди за помош од тимови со по 50 пожарникари и специјални возила за гаснење пожари. Понудите се разгледуваат и дополнително ќе се одлучи како ќе се постапи.

-Температурите иако се намалија, се уште се погодни за пожари. Граѓаните да бидат исклучително внимателни и да го пријават секое сомнително поведение, порача Ангелов.

Вчера имало најмалку 51 пожар на отворен простор. Бројката, оцени директорот на ДЗС, е алармантна, а причините се веќе спомнати во повеќе наврати.

-Дел од пожарите се предизвикани поради небрежност на граѓани, но за повеќето имаме индиции, па и докази дека се намерно подметнати. Мотивите се различни, економско-криминални. Некој се надева дека ќе може да ја сече изгорената шума. Постојат и патолшки мотиви – пиромани, но тие не би запалиле оган до населено место каде би биле видени, фатени, снимени,… Дел од подметнувањата се во делови со неквалитетна шума и тука нема логично објаснување, па за мотивите може да се претпоставува, рече Ангелов.

Тој уште еднаш апелира да се исчисти околината на селските куќи и викендиците, да се изораат дворовите и да се направи земјен појас, без вегетација.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он