Металуршкиот инженер и аналитичар Виктор Грозданов, во последната колумна „Науката наспроти еко-лагите: Време е за сериозен пристап кон рударството“ го критикуваше текстот на Стратегијата за рударството 2025-2045, која ја изготвува МАНУ. Тој вели дека тоа го прави со сериозна причина и со огромна доза на загриженост како личност која сака развој на рударството во државата.
-Во низата нивни пропусти кои не смеат да се помислат, а не да се напишат е следниов елемент од периодниот систем на елементи познат како Менделеев, Sb. Па господа од МАНУ не секој знае дека Sb е кратенка за антимон. Па нели е нормално да објасните дека енциклопедија Британика ја има обновено со нова информација својата страница на 20-ти jуни оваа година благодарејќи на новинската агенција Ројтерс од 17 jуни оваа година дека антимонот влегува во критични метали поради тоа што најголем производител е Русија, а ние сме стратешки партнери на НАТО и Европската Унија, пишува Грозданов.
Тој додава дека научниците на државниот врв треба да му дадат чиста слика за вредноста на антимонот.
-Впрочем мора на државниот врв да му дадете чиста слика дека антимонот го надмина значението на златото во парична смисла и да се произнесете кои се најголемите производители на овој елемент во метрички тони на светско ниво и колкави количини поседуваме ние како држава. Бидејќи МАНУ си пишуваат стратегија која е склопена „На две на три“, имам должност да ја информирам државата дека антимон се користи во изработка на оклопна муниција, инфрацрвени сензори, куршуми, прецизна оптика, нуклеарно оружје, полупроводници, кабли и батерии. Но, и нашата држава мора да започне да се однесува сериозно и да прифати дека има сериозен научно настaвнички кадар кој може да ги насочи во сите правци за експлоатација и искористување на металични и неметалични суровини, смета Грозданов.
Инженерот пишува и дека бакарот е прогласен за критичен метал и ние како држава го имаме во сериозни количини, а овие количини на Макеоднија можат да и донесат многу финансиски придобивки, пред се во образовниот систем, но и во иднината на оние кои ќе се образоваат пред се во геологијата, рударството, металургијата, медицината и она најважното во земјоделието. Воедно, тој се осврна и на финансиските придобивки од отворањето на рудници за бакар, критикувајќи ги тезите што ги споделуваат дел од активистите кои се против отворање на рудници. Според него, станува збор за самопрогласени екоактивисти, кои шират невистини во јавноста.
-За жал! На најдолговечната новинарска емисија во најстарото (прво со дозвола) приватно радио, кај легендата на македонското новинарство еден самопрогласен екологист отворено ЛАЖЕШЕ!!!!! Вели вака: Рудникот Иловица-Штука ќе плаќа само четири проценти (4%) надоместок кон држвата и тоа не надминува повеќе од неколку десетици милиони евра во наредните дваесет (20) години, а во исто време од земјоделието заработуваме сто (100) милиони евра добивка. Прво г-динот живее во Струмица и тој нема никаква допирна точка со рудникот. Рудникот се наоѓа на територија на Општините Босилово и Ново Село. Надоместокот од четири (4%) проценти е за овие општини и тие годишно ќе делат 11 милиони евра согласно цената на бакарниот концентрат со тенеденција на зголемување на надоместокот во иднина на посериозна сума согласно предвидувањата на стратегијата на Европската Унија која го прогласи бакарот за критичен метал. Второ, лаже ,односно, се извинувам, не ја кажува сметководствената вистина, каде е персонален данок, данока на добивка, плати нето и бруто (социјално, здравствено, пензиско итн) кои патем ќе ја стабилизираат загубата во пензискиот фонд, а во исто време ќе ја зголемат просечната плата, банкарски провизии, осигурителни компании, маркети, меани, свадби, децата дома итн. Трето, овој рудник ќе го намали дефицитот за четиринаесет (14%) проценти. Моментално четиристотини (400) милиони евра, оценува Грозданов.
Според него, лажна е и тезата дека ќе течела киселина во наредните петстотини години од рудникот низ стручката котлина. Грозданов вели дека тоа е научно невозможно.