Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне услови за дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре ќе настапи позначителна промена на временската состојба.

Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник.

Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево време со умерена локална облачност

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h