ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги осудува последните случувања околу оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска.

„Обвинението за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат во случајот „Адитив“ открива длабока инфилтрација на коруптивни практики во самите врвови на институциите кои треба да бидат првиот бедем во одбраната на правната држава. Оваа скандалозна афера не само што го подрива кредибилитетот на ДКСК, туку ја потврдува потребата за итна и бескомпромисна промена на системот на контрола и отчетност.

Времето кога нашата држава требаше да го прифати мотото „Нула корупција“ беше пред 34 години, со прогласувањето на независноста. Наместо тоа, сведочиме дека децении подоцна продолжуваме да доцниме, додека младите масовно си заминуваат поради отсуството на доверба во правната држава. Ова не е прашање на партиска припадност, туку на основни човечки вредности и на историската одговорност на државата кон граѓаните.

ДОМ инсистира на итно донесување мерки што ќе обезбедат интегритет и транспарентност на сите избрани и назначени функционери: детално и доследно верификување на анкетните листи за имотна состојба, јавно објавување на судирите на интереси, автоматско суспендирање при поднесено основано обвинение и воведување независен антикорупциски инспекторат со реални санкции.

Зелената партија ДОМ го повикува Собранието да ги усвои клучните законски измени за борба против корупцијата, како и итно да формира независно специјализирано тело за проверка на интегритетот на јавните службеници и функционери. Без овие промени, сите останати декларации против корупцијата ќе останат само празна реторика.

ДОМ останува цврсто на ставот дека корупцијата не смее да се релативизира, ниту да се премолчува. Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки, здруженија и политички партии кои веруваат во правдата и еднаквоста пред законите, да застанеме заедно, едни до други, во одбраната на правната држава и владеењето на правото. Пред да го загубиме последниот остаток на институционален кредибилитет. Пред иднината на младите засекогаш да ја побараат на некоја нова, надвор од државата, адреса, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство