Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

Од:

СДС и Битиќи да сe извинат, чии деца и кој родител нарекоа кретени?! 24 часа откако Битиќи нарече родител и деца кретени од собраниска говорница, СДС молчи и не се извинува. Огромен е очајот во СДС кога мора да молчат на изливите на примитивизам на нивни пратеници и не смеат да ги осудат и да се оградат, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

– Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее да се огради од таквиот став? Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее ниту да помисили, а не пак да побара од Битиќи да се извини? Или пак СДС и Венко Филипче со тоа што молчат и не се оградуваат ниту извинуваат го делат ставот на Битиќи дека родител и неговите деца се кретени? Чесно е Филипче и СДС да се изјаснат. Граѓаните мора да знаат што застапува опозицијата, какви ставови и какви вредности, рече Стојановска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он